БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се решенијата на Првото заседание на АСНОМ од 2 август Илинден 1944 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На првото заседание на АСНОМ на 2 Август- Илинден во Манастирот Св. Прохор Пчински- денес на територијата на Србија се институционализирала целокупната борба на МАкедонскиот народ за своја држава во рамки на Југославија како рамноправа конститутивна единка.

Државотворните решенија на Првото заседание на АСНОМ, го означуваат правното и политичко конституирање на македонската држава. Клучни одлуки се прогласувањето на АСНОМ за врховно тело, воведувањето на македонскиот јазик за службен и прогласувањето на Илинден за државен празник.

Главни државотворни решенија и документи

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Конституирање на АСНОМ: Прогласување на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија.

Службен јазик: Заведување и воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава.

Државен празник: Прогласување на 2 Август – Илинден за народен и државен празник на македонската држава, со што се поврзува Илинденското востание од 1903 година со современата државност.

Признание за војската: Решение за оддавање признание и благодарност на Народноослободителната војска на Македонија за нејзината борба.

Основни права: Декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија, со која се загарантирани рамноправноста и слободите на сите граѓани без разлика на вера и националност.

Манифест и прогласи: Донесување на Манифестот до македонскиот народ и народностите, со кој се објавени целите на борбата и формирањето на новата држава.

Делегати на Првото заседание на АСНОМ 2 август- Илинден 1944 година во Манастирот Св. Прохор Пчински

На 2 август 1944 година

ДОКУМЕНТИ ШТО ТРАЈНО ОБВРЗУВААТ

РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСТКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУ-ВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)

Чл. 1

Основајќи се на суверената воља и правото на самоопре-деление на народот на Македонија, чии верни толкователи представителите во ова Собрание, а во согласие со решениата донесени на II заседание на АВНОЈ (Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија) во град Јајце 29 ноември 1943 година Антифашското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително прeдставително тело на Македонија и на македонската држава, како равноправна федерална единица во демократска федеративна Југославија.

Чл. 2

АСНОМ ја врши законодателната и исполиителната функција на македонската федерална држава, до колку таа функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.

Чл. 3

АСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дали доказателство, оти ја прифваќат борбата за 1944, 2 август, манастир Прохор Пчински 6 самостојателност и слобода на народот на Македонија и народноослободителната борба на сите останали народи во Југославија, а покрај това се непомирливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.

Чл. 4

Законодателната власт АСНОМ ја врши на cвоите пленарни заседанија, a вo времето меѓу заседа-нијата таја власт ја врши преку Президиумот, Исполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку народното правителство на македонската држава.

Чл. 5

АСНОМ и народното правителство на маке-донската држава са врховни органи на народната власт на македонската држава како федерална единица вo фе-деративна Југославија. Имајќи пaк предвид сегашното развитиа на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во општата држава, a како уште ги нема сите условија за образувањето на народното правителство на македонската државна функцијата на народното прави-телство ќe ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ HA АСНОМ

Чл. 6

АСНОМ си избира свои Президиум кој е составен од претседател, два потпрецедатела, два секрета-ра и најмалку други 16 (шеснаест члена).

Чл. 7

За својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.

Чл. 8

Сите законодателни решенија на АСНОМ и не-говиот Президиум се објавуваат со подписите на претседателот и секретарот на АСНОМ относно на неговиот Президиум.

Чл 9

Ha територијата на Македонија вaжaт законите на федералната 1944, 2 август, манастир Прохор Пчински 9 македонска дpжaвa и завоните на фeдepaтивнa и демократска Jугославијa.

Чл. 10

До формирањето ка народното правителство-на македонската држава при Президимот н а АСНОМ се oбразувa нужен број отдели за разните гранки на држав-ното yправлениe. Cekoj отдел се yправљава од началник на отделот Началникот на отделот ги води работите на отделот под раководство и контролата на член од президиумог н а k o г o и одго в ap a.

Чл. 11

Народното правителствo на Македонската Факсилшл на еден дел од Решението донесено на Првото заседание на АСНОМ за прогласување на АСНОМ за врхоено, законодавно u извршно претставничко телo и највисок орган иа државната власт на Демократска Федерална Македонија Новото заседание го отвара Председателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно председателство.

Чл. 14.

Ова решение влегува веднага во сила. Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински” на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година. За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија

Секретар: Љупчо Д. Арсов Претседател: Љ. Арсов, с. р. Методи Андонов-Ченто М. А. Ченто,

РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕНЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАВЕДУЕНЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Чл. 1

Во македонската држава како службен јазик се заведува народниот македонски јазик.

Чл. 2

Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински”, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 година. За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.

Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов, с. р. Методи Андонов-Ченто, с. р.

1944, 2 август, манастир Прохор Пчински

РЕШЕНИЕ HA АСНОМ ЗА ОТДАВАНЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОРАНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА

Првото пленарно заседание на АСНОМ го изразува своето признание и народната благодарност на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија за изградуенето и организуенето иа нашата народна војска и за успешното раководене на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ. Првото пленарно заседание на АСНОМ ја изразува длабоката благодарност на Главниот штаб и за неговата сестрана политическа работа околу собирането на сите патриотически сили на нашиот народ, подигнуенето на името на нашата земја прет тугана и работата околу изградуенето на истииска, демократска народна власт. Исто така, Првото пленарно заседание на АСНОМ изразуе народно признание и благодарност на борците от Народноослободителната војска образувана от најсвесните и најдобрите си-нови на македонскиот народ, на борците кои со својата крв и коски, со својата геројска борба и натчовешки напори и постигнатите ггобеди, а во заедничката борба со народноослободителните војски на останалите братски народи во Југосла-вија ги поставија основите на македонската држава и слобода. Народно-ослободителната војска е најголемата придобивка на нашата народно-ослободителна борба. Првото пленарно заседание на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со Главниот штаб, заедно со бор-ците на Народно-ослободителната војска, ќе одат от победа до победа, до крајното изгонуше на окупаторите от македон-ската земја. -—Вo манастарот „Св. отец Прохор Пчински”, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година. За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.

Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов, с. р. Методи Андонов-Ченто,

Решение на Првото заседание на АСНОМ за прогласување на Илинден 2 август за народен државен празник на македонската држава

РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕНЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОГЛАСУЕНЕ НА ИЛИНДЕН — 2 АВГУСТ -ЗА НАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

Чл. 1 Илинден 2 август се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от вековното ропство и за создавање на слободната и суверена федерална македонска држава.

Чл. 2 Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински”, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 година. За Антифашиското собрание на народното ослободуене иа Македонија.

Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов, с. р. Методи Андонав-Ченто, с.

Список на народните претставници од Македонија избрани за Првото заседание на АСНОМ

Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово; инж. агр. Јор-дан Блажевски, Тетово; Чедомир Филиповски, работник, поруч-ник на HOB, Гостивар; Александар Георгиев, градежен инжинер, Гостивар; Видоје Смилевски, банкарски чиновник, Гостивар; Д-р Владимир Полежиноски, јурист правник, Кичево; Злате Тре-нески, земноделец, Кичево; Кирил Стојанов, свештеник, Дебар; Кемал Аголи, студент филозофије, Дебар; мајор Тихомир Ми-лошевски, командант на Ш-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко; Елисије Поповски, банкарски чиновник, Маврово; Мино Минов, работник, Маврово; Д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар, Битола; мајор Вангел Чукаловски, командант на 1-та бригада, Битола; Богоја Фотев, землоделец, Бистрица; капетан Коста Јашмакав, началник Штаба на Ш-та бригада, Битола; Петар Стојанов Манговски, адвокат, Битола; Вааил Kapa Анге-ловски, заменик командант на V-та бригада, земеделец, Битола; Нафи Сулејман, землоделец, Битолско; Лилјана Чаловска, сту-дентка, Битола; Илија Илијески, адвокат, Битола; Цветко Узу-новски, работник, Ресен; потпоручник Наум Ташков Василев-ски, заменик командант на Ш-та бригада, Ресен; Јонче Колев ТрпевскЈИ, работник, Ресен; Георги Ивановски, учител, Ресен; Илија Божиновски, чиновник, Ресен; Петре Пирузе, адвокат, Ох-рид; Лазар Гиновски, землоделец, Белчишта; Кирил Петров Чаулев, студент, Охрид; Владо Малески, студент права, Струга; Методи Андонов-Ченто, трговец, Прилеп; Вера Ацева, домаќинка, Прилеп; инж. Кирил Георгиевски, архитекта, Скопска општина, Прилеп; Борко Темелков, работник, Прилеп; Димче Стојанов Мирввски, профеоор, Прилеп; Милан Костов Стефанв, земло-делец, с. Десово; Методи Поповски, поручник, командант на Н-та бригада, Прилеп; Тодор Ношпал, трговец, Прилеп; Томо Куту-рец, приватен чиновник, Крушево; Наум Наумовски, политички комесар на II-та бригада, Крушево; Злате Билјановски, заменик полком на III бригада, Пуста Река; Генади Илијев Лешков, зем-лоделец, с. Дреново, Бродско; Панко Брашнаров, учител, Велес; Бано Андрејев-Ронката, полком на Главниот штаб, Велес; Стра-хил Г.игов, началник персонално оделеније, Велес; Благое Ха-джи Панзов, адвокат, Велес; Благое Левков, адвокат, Велес: Мино Богданов, чиновник, Велес; Маца Карбева, домаќинка,Велес; Стоилко Костов Иванов, учител, Ораов Дол; Ванчо Бур-зевски, приватен чиновник, Св. Николе; Никола Минчев, бан-карски чиновник, Кавадарци; Диме Туриманџовски, мајор на HOB и ПОМ, Кавадарци; Иван Раднански, землоделец, с. Радна; Јован Георгиев, свештеник, с. Дреново; Методи Панов Джунов, землоделец, Ваташа; Камбер Асан, землоделец, Долно Дисан; Лазо Калајџиев, работник, Неготино; 1944, 2 август, манастир Прохор Пчински 15 Најдо Стаменин, работ-ник, Неготино; Лазо Мојсов, студент права, Неготино; Боро Чаушев, работник, Неготино; Ристо Балајцалиев, приватен чи-новник, Гевгели; Димитар Зафировски, журналист, Гевгели; Иван Танев, поруч. Гевгели; Јанко Шопов, техничар, Гевгели; Атанас Бојков, командант на Струмичкиот одред, с. Богданци; Никола Пеев, работник, с. Богданци; Димитар Теменугов, пол-ком на Струмичкиот одред, с. Богданци; Епаминонда поп Ан-донов, професор, Струмица; Благоја Минов, работник, Стру-мица; Борис Поцков, типограф, Струмица; Емануел Чучков, ди-ректор на гимназија Скопје, Штип; генерал-мајор Михаил Апостолски, командант на HOB и ПОМ, Штип; инж. економист Љумобир Арсов, банкарски чиновник, Штип; Кирил Глигоров, адвокат, Штип; Исак Сион, приватен чиноеник, Штип; Димче Бе-ловски, приватен чиновник, Штип; Никола Иванов Вражалски, канд. адвокат, Кочани; Кирил Михајловски, учител, Виница; Страхил Бајовски, учител, Берово; Мара Нацева, работничка, Куманово; Веселинка Малинска, приватен чиновник, Куманово; инж. економист Лазар Соколов, Куманово; Благоје Стефков, ра-ботник, Куманово; Боро Димитриев, вазодухопловен поручник на бившата, југословенска војска, Равно; Младен Георгиев, зем-лоделец, Челопек; Борис Чушкаров, учител, полком на III бригада, Куманово; Стојан Тодоровски, приватен чиновник, Кума^ ново; Д-р Никола Мицев, ветеринарен лекар — бактериолог, Кратово; поручник Боро Милевски, командант на IV бригада, Штип; Трајко Цветанов, студент, Крива Паланка; Кирил Петрушев, типографски работник, Скопје; Венко Марковски, поет, Скопје; потггуковник, Панче Неделковски, заменик командант на Главииот штаб на HOB и ПОМ, Скопје; Петар Богданов-Кочко, оперски певец, Скопје; Милева Сабо, работничка, Скопје; Ќемал Сејфула, занатлиа, Скопје; Асен Симидџиев, канд. адво-кат, Скопје; Димитар Миовски, лекар во железничката болница, Скопје; Тодор Стојанов Звездии, активен судс1ш подпуковник од бивша Југославија, Скопје; Душан Лукаров, работник, Скопје; инж. Славко Поп Антовски, агроном, Скопје; инж. Часлав Раегеловски, лесничеј, Скопје; Александар Петровски, кројач — подпредседател на Стопанската камара Скопје; Атанас Ве-ликов, работник, Петрич; Васил Атанасов Ваоилев, работ ник, Петрич; Димитри Манџовски, землоделец, Костур; Ва сил Атанасков Ивановски, работник, Костур; Димитар Влахов публициста, Кукуш; Борис Атков, чиновник, Скопје; Перо Тик вар, работник, Прилеп; Кирил Тошев Крстев, работник, Дебар це; Васил Калајџијевски, судија, Вевчани, Струшко; Живко Брајковски, землоделец, Галичник; Трајче Трајчески, земло-делец, Црвена Вода; Абдула, работник, Прешево.

Креирано од:


Пренеси го гласот