Андон Димитров долги години во минатото бил табу тема од страна на Македонските власти. Како еден од основачите на Македонската револуционерна организација Андон Димитров нераскинливо е втемелен во фундаменталните причини за постоењето на МАкедонската современа држава.
Тој заедно со Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев во 1893 година во Солун ја основаат организацијата која ќе ја поведе борбата за ослободување на Македонија од Отоманска власт, но истовремено и борбата против пропагандите на соседните балкански држави против интересите на Македонското население.
Андон Димитров бил правник по вокација. Откако го завршил своето образование, се вратил во Солун и станал професор во машката гимназија “Св. Кирил и Методиј”. Бил член на Централниот комитет на организацијата до 1897 година кога заминал во Битола каде ја продолжил својата учителска дејност. Овде Димитров се судрил со егзархиските приврзаници.
По задушувањето на Илинденското востание станал директор на егзархиските училишта во Прилеп а во 1904 година бил избран за судија во битолскиот апелационен суд.
Зел свое политичко учество во Младотурската револуција на страната на младотурците. По парчосувањето на Македонија по Првата Балканска војна заминал за Бугарија поради прогонот од српските и грчките власти. Во периодот потоа делувал во рамки на бугарските политички структури во борба за постигање на автономија на Македонија. Во 1922 година се повлекол од активно политичко дејствување а во 1933 година поради неподнослива болест на 13 март се самоубил во Софија.
Андон Димитров во периодот помеѓу двете светски војни и потоа во времето на Социјалистичка Република Македонија во рамки на СФРЈ бил табу тема од властите во Вардарска Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најстарата културна институција- Македонската филхармонија одбележува 80 години постоење
Во спомен на Мето Јовановски: -Малиот човек може да создаде нешто вонвременски важно и големо и повторно да остане оној скромен и обичен човек кој што бил пред овој негов подвиг
Ин мемориам: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време