До редакцијата на Брегалнички портал пристигнаа шокантни информации придружени со фотографии и видео материјал од внатрешноста на Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево.
Станува збор за поставени пропагандни летоци на СДСМ пред ординацијата на Д-р Оливера Симова како што се гледа на видеото доставено од загрижен граѓанин а кое го пренесуваме преку нашиот X профил.
Од информациите кои што ги добивме од извор кој што сака да остане анонимен поради опасноста од партиски реваншизам како и чувствителноста на медицинската професија, повеќе од евидентна е нечија намера да го злоупотребува здравството за партиски цели на ваков начин.
Од овие фотографии и видео во јавноста се наметнуваат повеќе прашања на кои надлежните мораат да дадат свој одговор со цел ваквата практика да биде санкционирана и неповторена.
Дали матичната лекарка чие што име се гледа во видеото е дел од кампања на СДСМ во пресрет на претстојните избори на нејзиното работно место?
Дали Директорот и менаџментот на Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево е запознаен со ваквата пракса, дали истата ја одобриле и дали некој ќе сноси одговорност за овој скандалозен чин?
Нашиот извор наведува и повеќе проблеми со кои што се соочува здравниот дом во Делчево наспроти овој чин на агитација во корист на владеачката СДСМ чии што функционери ги игнорираат проблемите на граѓаните и здравствените работници во оваа медицинска установа.
Нашиот извор вели дека
“Нема набавка на основни апарати за докторите вo ИМП; Нема нов апарат за мерење притисок во ИМП подолг временски период; нема нови санитарни чворови но затоа има смрдеа низ здравниот дом, нема соодветни пристапни рампи до сите простории за лицата со инвалидитет кои се дискриминирани на овој начин.”
Во немоќта на надлежните во здравниот дом да одговорат во пресрет на овие потреби на граѓаните и медицинскиот персонал, здравниот дом според овие фото и видео материјали се претвара во партиски штаб на СДСМ со што се руши основната дејност на оваа здравствена институција, што е скандал од невидени размери.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани