“Драг Оливер.
Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!
Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).
МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки. ![]()
Се гледаме секоја вечер – се побројни и се посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада.
p.s. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.
Се гледаме на барикадите!
До вашиот конечен крај!
Фејсбук статус на пратеникот Димитар Апасиев од Левица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк
Досега најопфатен Оперативен план за претприемништво и вработување на АВРМ: Над 40 мил денари за раст на економското портфолио на стопанството и граѓаните
Успешна фискална консолидација, во целост вратена еврообврзницата која владата на СДСМ ја потроши во 2020 година