Од 17 обвинети за случајот 27 април, кој се случи во 2017 година, 16 од нив од вечерва се наоѓаат во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Така одлучи судечкиот совет од Основниот суд Скопје 1 по изрекувањето на пресудата за случајот во кој сите 16 беа осудени на затворски казни од 7 до 18 години.
Игор Дурловски беше ослободен од обвинението.
Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева изјави дека со ваквата одлука на судот правдата е задоволена.
На одлуката на судот како за изречените затворски казни така и за мерката притвор осудените имаат право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене