Почина режисерот и сценарист на култната серија од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетитите години од минатиот век, Богдан Поп Ѓорчев.
Ваквата тажна вест синоќа ја соопшти неговиот пријател и соработник Петар Георгиевски Камиказа кој беше еден од главните актери во “Трст Виа Скопје”.
Покрај оваа култна играна серија која што се емитуваше на телевизиските екрани и го одбележа своето време со огромна популарност која што до ден денешен не стивнува, ражисерот и сценарист Поп Ѓорчев беше дел и од телевизиските проекти “Еурека”, “Македонски народни приказни” и “Случки од животот” како и долгометражните филмови “Поштар”, “Исчекување” и “Слободен пад”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција