Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од скопската населба Аеродром денеска преку социјалните мрежи реагираа со информации за намерата на Златко Марин да го промени името на Република Македонија во Статутот на општина Аеродром.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Аеродром:
Како тоа да е најважно во општинава.
#ЗлатноМарин на денешната седница на совет предложи изменување на статутот на општина Аеродром со додавање на зборот на „С“ пред името Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во овој нелегитимен процес.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Аеродром ја напушти работата на советот, откако по претходно барање оваа точка не беше тргната од дневен ред.
Ќе продолжиме и во иднина да се бориме на секој можен начин за #РепубликаМакедонија и на секоја наредна седница ќе го потсетуваме Златко Марин дека ова е #РепубликаМакедонија.
-напиша Митески на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
„Шате Керамика“ одбележа 31 година – од семејна приказна до бренд што обликува ентериери
dm и „Мама круг“ приредија Make-up & Glow Brunch – топло женско претпладне со кафе, нега и разговори