БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покана за отварање на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благевград

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ОМО “Илинден” Пирин, во јавноста упати покана до премиерите на Македонија и Бугарија, политички претставници од двете страни на границата како и сите добронамерници да присствуваат на скромниот свечен настан со кој ќе се означи почетокот на работата на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград, Бугарија.

“ПОКАНА
На 30 октомври (12:00) нашиот скромен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ свечено ќе ги отвори вратите во Благоевград.

Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30.08.2019 година. со EIK 205801406.

Основан е со финансиска помош на нашите пријатели од Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно движење за човекови права во Канада.

  • Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград.
  • Поканети се премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград.
  • Поканети се медиумите од двете страни на границата.
  • Поканети се пријатели и гости од земјава и странство.
  • Поканети се сите добронамерници.

Скромната прослава ќе се одржи со следната програма:

  1. Отворање со поздрав кон присутните
  2. Осветување според христијанските обичаи
  3. Поздрави од официјалните гости на прославата
  4. Положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.

Од организаторите: Атанас Мазнев”

-стои во отворената покана за настанот упатена од ОМО “Илинден” Пирин.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace