БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во партиско соопштение до медиумите СДСМ ги пласира ставовите на Рената Дескоска во врска со информациите во јавност дека имало непотизам при вработувањата во СЈО.

Во продолжение во целост го пренесуваме партиското соопштение на СДСМ:

Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници. – истакна Рената Дескоска, член на ИО на СДСМ во гостувањето на емисијата „360 степени“  на Телевизија Алсат, на прашањето во врска со платите на вработените во СЈО.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Кога се формираше СЈО, се додаде нова глава во Законот за јавнообвинителските службеници, којшто го регулира статусот и правата на овие лица. Ставивме одредба дека покрај Специјалниот јавен обвинител доколку не е избран, Републичкиот обвинител одлучува за статусните права, за другите права на овие вработени“ потенцираше Дескоска.

Во однос на вработувањата по роднински и блиски врски во СЈО, Дескоска истакна дека дел од таа информација е невистинита и веќе била демантирана.

-“Беше споменат Игор Милев, дека негов син работи во СЈО – тој воопшто нема син. Ме спомнаа мене дека маж на некоја моја братучетка била вработена во СЈО, јас ви кажувам дека тој не е вработен во СЈО, туку е вработен во МВР уште кога јас сум била студентка“, потенцираше Дескоска.

Таа дополни дека во дел од случаите, дека се вработени лица коишто се деца на судии и обвинители, тоа не е уникатна ситуација во СЈО, но дека треба да се бара начин да се спречи влезот. Како и дека би била задоволна доколку ДКСК по допрен глас или по пријава ги истражи овие случаи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace