БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Последната желба” на Канго

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Засекогаш ќе се сеќавам на концертот на Канго со неговиот бенд во кино салата во Делчево. Тоа беше првиот мој рок енд рол концерт кој до ден денес остави огромни траги кај мене. Толку големи што го дефинира мојот начин на живот и сваќања.

Нема да кажам дека Канго почина….

Тој е жив во алејата на великаните на македонската рок сцена.

Нема да тажам за неговото отсуство, затоа што тој е присутен со неговите зборови искажани во една ѕвездена вечер под небото на митолошкиот Рудар Рок фест во Пробиштип, чиј што организатор беше токму Канго.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вонбрачното дете на Џими Хендрикс и Џенис Џоплин…

Мајсторе одиме понатаму…

Во продолжение ќе ја објавиме песната “Последна желба” напишана своерачно од Канго а подарена на Македонскиот рок патеписец и активист Тошо Филиповски.

за која Тошо Филиповски напиша и своја лична посвета:

Е мој пријателе…тажно ќе биде секое мое идно одење во Кочани…знаејќи дека повеќе нема да имаме можност да разговараме…….Е мој пријателе, ме зезна….ми вети дека ќе ми дојдеш на промоцијата на Енциклопедијата…не е фер вака…ми вети… Ми е криво што некои злобни луѓе те нападнаа а не те ни познаваа лично, уште повеќе твојот музички опус и твојата посветеност на рокенролот…..Ми е криво што некогаш …на почетокот на 90’s не се споија коцките па да засвириш во Загреб…и можеби да направиш многу поголема кариера…овде…едноставно не те разбраа…не сакаат да те разберат….прости им – не разбираат…..Е мој пријателе, ти благодарам од се срце за овој подарок што ми го даде пред неколку недели….ќе го чувам засекогаш и ќе се потрудам да биде презентиран достоинствено – во некој иден музеј на Македонската Рок Музика….Macedonian Rock’nroll Hall Of Fame..каде заслужи да имаш свое место…. Ах мој пријателе…..Почивај во мир !!!!

Превземено од Дестинација Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот