Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Виктор Паунов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци кој реагира за вршење терор врз ВМРО-ДПМНЕ како политички противник од страна на Градоначалникот на општината:
“Кампањата за претседателските избори господата од власта ја започнаа со терор врз противникот!
Господине градоначалник!
Вам полесно ви е да рушите од што да градите, затоа што сте научени да расипувате.
Господине градлначалник Јордан Насев, остранувањето на политичките транспаренти во период на кампања на места каде претходно вие се рекламиравте, по ваша наредба и заканите кои што ги упатувате се одлик на вашата слабост, немоќ и нула резултат на вашето владеење.
Напротив господине градоначалник со тоа не мотивирате а вие како политичка партија си го признавате поразот на престојните претседателски избори.
Местото каде што се рекламиравте вие во кампањата на локалните избори во 2017 год сега е забрането за ВМРО-ДПМНЕ. Но сликите постојат па народот ќе процени.
Наместо да издавате наредби на јавното претпријатие за да ги решава проблемите на граѓаните вие се занимавате со политичиот противник затоа што се плашите дека овој пат ви следува пораз.
И на крај продолжете со валканата кампања да рушите впрочем и по тоа сте претпознатливи а правдата, правдата ќе дојде многу брзо!”
-соопшти Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци
Во прилог на прес конференцијата Виктор Паунов објави фотографии на кои се гледа како лице со скала го симнува транспарентот на кој пишува
НИКОГАШ СЕВЕРНА СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА


како и фотографија на која се гледа транспарент со ликот на актуелниот градоначалник поставен на иста таква бетонска бандера од пред локалните избори во 2017 година.
