Премиерот на Владата на Република МАкедонија Христијан Мицкоски денеска на прес конференција се обрати кон Македонската јавност на настан за почеток на изградба на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.
Станува збор за странска инвестиција на фирмата Авеста Батери Енерџи Солушнс од Скопје што е дел од групацијата Авеста Батери Енерџи Инжинеринг од Белгија чија што дејност е во делот на производство на батерии и енергетски уреди и постројки.
Станува збор за првична инвестиција од околу 10 тина милиони евра со првичен фонд на вработување од 120-200 вработени кои што со тек на време се планира да пораснат на инвестиција од 40-тина милиони евра со 600 нови работни места во оваа фабрика.
Според она што го кажа на прес конференцијата Александар Голабовски- извршен директор на компанијата во Скопје изградбата на фабриката се очекува да се реализира за една година по што првичниот извоз од фабриката може да достигне и до сума од 50 милиони евра која се планира потоа да порасне на над 500 милиони евра за една година во наредните 7-8 години.
Премиерот Мицкоски ја истакна одличната соработка на претставниците на новиот инвеститор во ТИРЗ Кичево со надлежните владини претставници и одговорните лица во Дирекцијата за ТИРЗ.
„Благодарност на тоа што вие медиумите сте секогаш со нас на вака убави настани. Денеска отпочнува една убава инвестиција овдека за овој дел на Македонија, во Кичево. Како што извршниот директор кажа, очекуваме максималниот број на вработени во еден момент да биде 600, зошто да не и повеќе.
Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50тина милиони , тој ќе се развива. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу, заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце и инвеститорот направија многу за да овој проект еве конечно заживее, помина и на Владина седница.
Сето ова е потребно заеднички да се сработи за да дојдеме до оваа состојба во која што сме денес. Јас сум убеден дека инвеститорот тука нема да застане, дека после оваа инвестиција ќе следи уште, продолжување на инвестицискиот циклус, уште една итн.
Исто така и други инвестиции во периодот што следи ќе бидат објавувани. Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени.
Уште еднаш ќе го повторам ставот на оваа Влада, дека оваа Влада има за цел да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите тука , кај нас во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото.”
-соопшти Премиерот Мицкоски во неговата изјава за Македонската јавност, по што одговараше на новинарски прашања.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано