БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани како одговорна општина која работи во функција на посветено решавање на проблемите на граѓаните секогаш изнаоѓа начин за надминување на општествено важните предизвици секогаш во директна комуникација со граѓаните. Во изминатиот период јавноста беше сведок на проблеми со функционирањето на Градската депонија во Кочани, кои што со директна вклученост на надлежни лица од централната власт преку медијацијата на градоначалникот Љупчо Папазов привремено се надминаа во интерес на граѓаните.

Бидејки станува збор за децениски проблем за жителите на Кочани и кој што се рефлектира пошироко во Брегалничкиот Регион, системот за ефикасно справување со комуналниот отпад изискува посветена и континуирана работа од надлежните служби за надминување на негативните ефекти врз животната средина и квалитетот на живеење на граѓаните во периодот кој следи.

Интенизивирањето на проектот за изградба на нова современа интер-регионална депонија за комунален отпад за Брегалничкиот-Источен и Североисточниот Регион, кое што беше започнато во изминатите месеци, опфаќа широк спектар на интересекторска соработка на сите нивоа на власт во држават, но на крајот сепак граѓаните се тие чиј што став најизворно треба да биде испочитуван. Секако соработката со граѓанскиот сектор е повеќе од добродојдена во овој процес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За таа цел во сабота, 14 декември 2024 година, со почеток во 17 ч., во салата на Советот на Општина Кочани на вториот кат во Мултикултурниот центар, ќе се одржи јавна расправа за Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион, проект од програмата ИПА 2.

Целта на јавната расправа е да биде патоказ за затворање на Градската депонија во Кочани и за отворање на регионалната депонија во Мечкуевци.

На јавната расправа ќе присуствуваат претставници од Министерството за животна средина  и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, КЈП „Водовод“ и од Центарот за социјални работи – Кочани.Општина Кочани ги повикува заинтересираните граѓани и здруженија да дадат активен придонес на расправата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace