БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за голема граѓанска акција за пошумување на опожарени површини во делчевско, се очекува присуство на Премиерот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во атарот на селото Нов Истевник утре во сабота на 14 декември со почеток во 12.00 часот ќе се реализира голема акција за пошумување на опожарените површини од катастрофалниот пожар кој што го зафати овој предел во 2021 година.

Станува збор за организирана акција од страна на членовите и активистите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево предводени од Претседателот Иван Гоцевски.

Според најавите на организаторот на опустошените површини ќе бидат засадени над 5000 нови садници од страна на поголем број граѓани кои се приклучуваат на оваа иницијатива.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите граѓани на Делчево кои што сакаат да земат учество во оваа акција ќе можат да се придружат пред платото на Спомен Домот АСНОМ Во Делчево во утре 11.30 часот од каде со организиран превоз ќе се замине на локацијата за пошумување.

“Под мотото “Да ги вратиме шумите на ИСТОКОТ” имаме за цел да засадиме над 5000 дрвца со кои сакаме да ја вратиме убавината на нашите планини.

Ги повикуваме сите граѓани од Делчево и околните општини кои се во можност да ни се приклучат во оваа акција и на тој начин да покажеме како се сака родниот крај.

Огромна е честа да Ве поканиме заедно со Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски, времето кое ни е дадено да го искористиме во создавање на нашата иднина!”

-информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace