Од неодамна спроведената ревизија која што актуелната управа во Фондот за иновациско-технолошки развој (ФИТР) произлегоа шокантни сознанија за злоупотреба на буџетски пари од страна на раководството на ФИТР во времето на владата на СДСМ и ДУИ.
Како што обавува порталот Курир.мк од ревизијата на работата на ФИТР, произлегла кривична пријава, против поранешен директор на Фондот, Коста Петров кој што со свое непостапување обезбедил противправна имотна корист во износ од 19.839.264 денари за фирма од Делчево.
“Во овој случај се работи за проект на Фротирка АД Делчево финансиран од ФИТР, незавршен проект, исплатен, а без никаква соодветна реакција од раководното лице, во случајот поранешниот директор на ФИТР Коста Петров.
Раководните лица биле предупредени од ревизорската куќа Гранд Тортон ДОО Скопје дека Фротирка АД Делчево не постапува согласно договорните услови . На 7 октомври 2019 година, Гранд Тортон, ревизорската куќа ангажирана од ФИТР, известила дека корисникот Фротирка навреме не доставил извештаи до ФИТР. Според правилникот, за да се префрлат средства од страна на Фондот, корисникот треба да има најмалку 70% реализација на проектот, а корисникот имал 54%. Проектот на корисникот почнал на 1 октомври 2018 година и требало да заврши на 30 јуни 2019 година. Според правилникот на ФИТР корисникот е обврзан да достави завршен извештај во рок од 60 дена по истекот на последниот календарски ден од проектот, а ревизорот констатира дека корисникот нема доставено извештај во предвидениот рок. За спроведените набавки, корисникот не доставил доказ дека понудите се доставени до Фондот, што е спротивно на на чл.22 став 1 алинеа 2 од правилникот. Ревизорот констатира дека корисникот и по завршување на проектот врши негова реализација. На 18 октомври 2019 година, Гранд Тортон извршила теренска посета и констатирала дека извршниот директор ја одлагал теренската посета. Потоа било утврдено дека Фротирка требала да набави шест нови машини: машина за дублирање (drum assembly winder), две машини за кончање (smart TFO Twister), две машини за ткаење (Leonard Dyna Terry) со жакард глави (staubli), машина за шиење (Sharing machine). Но, ревизорот утврдил дека во моментот на теренската посета, корисникот набавил само една машина, машината за шишање (Sharing machine).
На 18 октомрви 2019 година, Гранд Тортон доставил и трето известување до ФИТР во кое констатира дека корисникот спротивно на правилникот, на 15 март 2019 година подигнал готовина од наменската сметка на проектот (354.000 денари), а на 19 јули 2019 година парите ги вратил. Ревизорот констатира дека корисникот нема одобрение за извршените набавки од Фондот и дека на 6 декември 2019 година, откако проекот е завршен (дури и ако постоело одобрение за пролонгирање, повторно рокот е пробиен) корисникот реализирал 54% од проектот. Со непреземање ништо, овластените лица на ФИТР овозможиле Фротирка АД Делчево да се стекне со противправна имотна корист во износ од 19.839.264 денари”
-информираат од Курир.мк.
За ваквите информации преку службен е-мејл побаравме став и одговори на неколку прашања од компанијата имплементатор на проблематичниот проект АД “Фротирка” Делчево, но до објавувањето на овој текст не добивме одговори. Доколку добиеме одговор и став истиот ќе го пренесеме во јавноста во интерес на објективно информирање на граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации