БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот најави можност за воведување данок за немажени и неженети

Пренеси го гласот

Денеска од настанот за „Демографски трендови,  предизвици и можни решенија“- Развој на стратешки документи за демографска  отпорност кој што се одржа во Владата Премиерот Христијан Мицкоски имаше свое впечатливо обраќање во кои ја посочи горката вистина за демографското изумирање на Македонија.

Во политиката многу често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потреси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографската рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна Кoреја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. Се раѓаат помалку деца, населението старее а младите се почесто по потрага по подобар живот надвор од границите И ние не сме исклучок.

-Но нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд кај нас таа е аларм. Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како сериозна закана. Фактите се јасни, во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице. Тоа е природен пад од 4140 луѓе за само една година. Во последните четири години изгубивме повеќе од 33000 жители. Како да исчезнал еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5% во 2010-тата на 8,8% во 2024-тата. Во многу општини и села веќе нема ниту прво оделение, се повеќе луѓе живеат сами, се помалку стапуват во брак, се помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки, ова е тишина што се шири, а кога велевме дека ги рушеа темелите, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата Влада, мислевме и на ова. На рушење на семејството, на губењето на иднината, на иселувањето како единствена опција, затоа денеска кажуваме гласно, оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува, го признава и се бори со него.

Но што значи таа борба?

Тоа не е борба со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, училиштата, родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови на граничните премини каде се простуваат мајки и синови.

(Кон Министерката за образование и наука Весна Јаневса) Се надевам професор Јаневска дека оваа година читанката нема да биде Јас, Тато и Мама, туку ќе биде бато, дада, јас, мама и тато.

Затоа нашата борба е:

-да го направиме животот овде вреден,

-да го направиме мајчинството благослов а не товар.

-да им дадеме на младите причина да останат,

-да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост туку ја негуваат,

-да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот.

Знаеме дека нема магично решение, но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме!

Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за воведување на дополнителни даноци за немажени и неженети.

-рече Премиерот Мицкоски од денешниот настан во Македонската влада

Креирано од:


Пренеси го гласот