“Со договор од 07.02.2020 година и дозвола за градба од 12.02.2020 година, е започната градбата на затворен базен во Штип со утврден рок за завршување на проектот од 18 месеци.
После 2,5 години од пробиенот рок за градба, повторно го прашуваме Благој Бочварски и надлежните институции:
– дали се исплатени парите на граѓаните во износ од фантастични 600.000 илјади евра на изведувачот?
– доколку се исплатени зошто базенот во Штип е нефункционален?
– дали е покрената постапка поради пробивање на рокот за градба и пуштање во употреба на објектот со цел заштита од злоупотреба на парите на граѓаните?
– 7 години СДС преку одговорните на институциите се однесува неодговорно, неажурно и манипулативно кога се во прашање ветени, отпочнати и нереализирани проекти на штета на граѓаните и ЗОШТО СДС и Бочварски поради лошиот изборен резултат на локалните избори и фијаското кое ќе го доживеат на претстојните избори, ги казнува граѓаните на Општина Штип со нереализација на веќе започнати проекти, по примерот на Клиничката болница во Штип?
Бесрамно со лаги и манипулации дојдовте на власт, со лаги и корупција владеевте и така ќе заминете во политичка пензија!
Доста е!
Важно е да се промени Власта, да се ослободат институциите, да си ја вратиме државата!”
-Интегрален текст на прес конференција на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, Душко Иванов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол