БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Откако бројчано се десеткуваше крупниот и ситниот добиток Бачовски и Николовски пуштаат субвенции за амортизирани кокошки

Пренеси го гласот

Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски како и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски преку социјалните мрежи се пофалија дека пуштиле субвенција за 36 земјоделски стопанства во износ од 120 денари за амортизирани кокошки несилки кои се предадени/заклани во период од 0110.2022 до 30.09.2023 година.

“Исплатени директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици. 🐓👩‍🌾🐖

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство.

36 земјоделски стопанства кои одгледале и продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 добија финансиска поддршка од 82 милиони денари.

Висината на финансиската поддршка е 1️⃣2️⃣0️⃣ денари по несилка.”

-напиша Никица Бачовски на неговата фејсбук страница, а истата вест ја пренесе и Министерот Николовски.

Ваквата стимулација за 36 земјоделски субјекти е секако добредојдена за земјоделците но иистата доаѓа во услови кога има огромен надолен тренд на бројот на земјоделски субјекти како и бројот на крупен и добиточен фонд во земјата во изминатиоте години како рефлексија на лошите политики во овој сектор.

Креирано од:


Пренеси го гласот