Претставата „ Љубовни пози на историјата“, чиј автор на текстот е Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска Петров, освои три награди на меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ-Црна Гора.
Ансамблот на театарот од Прилеп, освои три награди од кои Гран при за колективна актерска игра, а уште две Гран при награди, за епизодна машка и женска улога, понесоа актерите Ангела Наумоска ( за ликот на Госпоѓицата) и Зоран Иваноски (за улогата на Мајсторот).
Според режисерот Горан Булајиќ, театарот „ Војдан Чернодрински “ , од Прилеп, низ претставата „ Љубовни пози на историјата“ се покажал во преубаво , професионално светло кое ги воодушевило присутните.
На Фестивалот се одржа и омаж за животот и делото на прерано починатиот Горан Стефановски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор