БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пропаста на тутунопроизвотството во Македонија потврдена со бројки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со своја реакција упатена преку социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изнесе шокантни бројки во одност на производството на тутун како една од стратешките земјоделски култури во Македонија.

Денеска се исплатени субвенциите за тутун на 14.300 тутунопроизводители. Ова ќе беше добра вест се додека не ја погледнеме статистиката за тутунот и тутунопроизводителите. Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители, пишува Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на Фејсбук.

-Дополнително количината на откупен тутун во 2023 година изнесува 14.8 милиони килограми или за 10.4 милиони килограми помалку споредбено со 2016 година кога вкупно биле откупени 25.2 милиони килограми тутун.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите овие негативни статистики за бројот на тутунопроизводителите и количината на откупен тутун си имаат и негативен финансиски удел, односно само по основ на извоз на тутун во 2023 година имаме неверојатни 70 милиони евра помал девизен приход во споредба со 2016 година.

Ова се “успешните“ земјоделски политики на Николовски и СДСМ, низ статистиката гледаме како се уништува македонското земјоделство и како секој ден се повеќе се намалува бројот на земјоделците во Македонија.

Во прилог ви испраќаме линк до facebook објавата на Цветан Трипуновски, како и инфографиците.

Креирано од:


Пренеси го гласот