Денес, во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со делегацијата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од нејзиниот претседател, Нухи Алиу.
Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, при што беше направен преглед на изминатата година, како и на предизвиците предизвикани од глобалната економска криза. И покрај овие предизвици, беше оценето дека државата успеала да зачува стабилност во однос на инвестициите и економската клима.
Проекциите за оваа година се позитивни. Исто така, значајна улога ќе имаат и јавните инвестиции, кои веќе се во фаза на реализација од страна на Владата.
Домашната економија се движи кон стабилизација, што укажува дека инвестициската клима во земјата влегува во поповолна фаза.
Кабинет на министерот за европски прашања

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист