Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на својата фејсбук страна каде што споделува фотографии од нејзините партиски активности и активности на кои може да се забележат војници, оружје и слични несоодветни работи за мали деца, денеска сподели фотографии од малолетни деца.
На споделените фотографии кои се снимени во Владата, може да се забележи како Радмила Шеќеринска стои насмеана помеѓу група на малолетни дечиња кои најверојатно треба да бидат на училиште во тој период кога е се снимени фотографиите.
Дали за ваквата постапка Радмила Шеќеринска побарала дозвола од родителите на децата, или наставниците на своја рака ги носат дечињата во зградата на владата да бидат фотографирани на ваков начин не е јасно?
Но сигурно ваквите фотографии нема да им бидат драги на родителите кои ќе си ги препознаат своите деца на фотографиите со насмеаната Радмила Шеќеринска покрај нив, помеѓу мноштвото на фотографии со војници, оружје, авиони и тенкови кои се застапени на нејзината фејсбук страна.
Објавата со фотографиите од личната фејсбук страна на Радмила Шеќеринска може да се погледнат тука.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот
Перински од Охрид: Инвестиции во инклузивен туризам и подобри комунални услуги за граѓаните