Со децении наназад во САД се провлекувал националниот закон за борба против суровост кон животните, кој што беше сон на активистите за борба за правата на животните. Денеска тој закон е реалност!
Ретко може да се види ниво на политичка обединетост околу одредено политичко прашање во САД. Пред повеќе од две недели Претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша актот со кој за првпат сировното однесување кон животните стана федерален престап, казнив со глоби и затворски казни кои достигнуваат и до седум години затвор.
Документот наречен Акт за превенција од суровост мачење кон животните, претјодно во текот на оваа година беше претставен од страна на Верн Бјухенан кој што е републиканец и Тед Дач- демократ по потекло од Флорида. Со овој акт се проширува законот донесен од Барак Обама во 2010 година со кој што се забранува прикажувањето на животни кои се во немила состојба да бидат згмечени, запалени, удавени, задушени, или во било која друга состојба на измачување. Сега намерните акти на суровост кои што се прикажани на видео исто така се деле казниви со закон.
Ова е многу важен документ и чест е да бидам инволвиран во неговото донесување,
-изјави Трамп на неговото потпишување и дополни:
Мило ми е што го донесовме актот.
Овој документ претходно во месец октомври беше донесен едногласно од долниот дом во парламентот а во ноември во сенатот исто така помина едногласно.
Верн Бјухенан соопшти дека донесувањето на овој документ на сила е значаен камен темелник за сопствениците на миленици ширум земјата.
Претходно со федерален закон исто така беше забрането организирање и било какви дејства поврзани со борби со животни.
Законите во 50-те сојузни држави во САД веќе предвидуваа законски решенија со кои се санкционираше суровоста кон животните, но со доенсувањето на овој акт, сега ќе биде полесно на властите да ги гонат и сангционираат прекршителите на ваквите злодела преку границите на сојузните држави. Исто така со актот се предвидени и поголеми финансиски сретства наменети за борба против суровост и измачување на животните.
Погледнете го видеото од моментот на потпишување на овој Акт од страна на Доналд Трамп во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце