Сосема свесна дека се ближи крајот, власта во заминување го претвори собранието во печатница во која сè повеќе закони пристигнуваат со ознаката „Итно“ и се штанцаат како на лента!
Иако фала му на Бога немаме елементарни непогоди, војни или епидемии, закони по итна постапка имаме сè повеќе, а усвојувањето на истите започна да наликува како во најмала рака…да се очекува период на апокалипса.
Со оглед на тоа дека наближува 3ти јануари, власта брза да заврши сè до нова година, за да се спаси што може и кој може…како да ќе нема утре.
Па така, една од целите на крајно несериозната и нетранспарентна измена на дури 75 члена од Законот за градежно земјиште е спас на Зоран Заев и неговата власт, без никаква грижа за фактот што донесувањето на овој закон по итна постапка е штетно за Република Македонија, затоа што наместо да се прават проценки на влијанијата на прописите при нивното донесување, кај нас се врши правно насилство со донесувањето на законите по итна процедура.
Понатаму, иако е повеќе од јасно, сепак, ќе појасниме дека со Законот за градежно земјиште, власта во заминување (со оглед на тоа дека повеќето од градоначалниците се нејзини инсталации) полека ги спушта ингеренциите на локално ниво, за барем уште една година да има привилегија над продажбата на земјштето, сè со цел да продолжат матните зделки, сега преку нивните градоналалници и локални самоупави.
Исто така, без никаква консултација со општините, власта сака набрзина да им ја предаде контролата на локалните самоуправи и градоначалниците, контрола која доколку не помине овој закон ќе ја превземе новата власт!
Дополнително, за да си се амнестираат од одговорност, казните за продажба на земјиштето ги сведуваат на минимум.
Ова се само неколку од фактите кои гласно говорат за тоа дека власта е свесна и спремна за опозиција!
-фејсбук статус на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце