БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реализирана исплатата за заклани гоеници од програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека денеска е реализирана исплатата за подмерката од програмата за спроведување на интервентен фонд која предвидува дополнителна помош за свињарскиот сектор.
Имено, исплатени се 78.3 милиони денари како финансиска поддршка за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети. Финансиската поддршка пропишана во интервентниот фонд изнесува 1500 денари по грло гоеница со тежина од над 90 килограми, а корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку 5 гоеници во перидот од 1 февруари 2022 до 30 април 2022 година.
Дополнително во рамки на тековната реализација на интервентниот фонд, извршена е исплата и на 1538 баратели на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива во висина од 22.4 милиони денари. Исто така, исплатени се и 9 производители на конзумни јајца со финансиска поддршка од 671 илјада денари по основ на финансиска поддршка за огледување на кокошки несилки.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со тековните исплати од програмите за директни плаќања, рурален развој и интервентниот фонд со цел оддржување и зголемување на земјоделското производство преку обезбедување на државна финаниска поддршка за земјоделските стопанства кои се занимаваат со растително и животинско производство.

-извор: АФПЗРР

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace