БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

РЕЗИЛ И СРАМ

Пренеси го гласот

Какво е тоа ниво на комуникација во кое првиот човек на владејачката партија и Владата на јавен настап од собраниската говорница употребува говор на омраза и навредлив вокабулар за своја колешка, пратеничка, нарекувајќи ја “РУЖНА”?
Зарем премиерот не е првиот човек кој треба да се бори против насилство врз жените, против говор на омраза, против сексизам, против шовинизам?

Со вчерашниот настап и испад од говорницата во законодавниот дом, премиерот не само што покажа дека не се бори против насилство врз жените туку и лично тој го применува.

Со несоодветна и навредлива лексика која е под нивото на функцијата која ја има, премиерот покажа непочитување кон жените.
Вакви ли вредности ќе промовирате на патот кон Европа? За ваква ли европска Македонија се залагате?

Резил и срам!

Говорот на омраза и насилството врз жените мора да престанат. Ова не е прв случај. Секојдневно сме сведоци на слични ситуации во кои жените се жртви на говор на омраза.
Само за потсетување, со говор на омраза беше нападната и Рашела Мизрахи и професорката Силјановска и градоначалничката на Скопје Данела. Жртви на говор на омраза се многу жени од јавниот и политичкиот живот. Но нападот на премиерот и неговиот говор на омраза упатен кон пратеничката е точка на вриење. Овој напад го вклучува алармот за најмалку два клучни моменти.

Првиот, како се третираат жените во нашето општество и покрај рамноправноста која ја имаат?

Вториот и многу важен, дали Република Македонија треба да ја води премиер кој со личен пример го промовира говорот на омраза и насилството врз жените?
На ваков ли начин премиерот и лидер на партијата од власта им дава ветар во грб на своите кадри од пониските ешалони? Баш затоа ни се случува тоа што ни се случува. И затоа сме тука каде што сме!

Дали органите на прогонот ќе го санкционираат соодветно говорот на омраза? Ќе реагира ли министерот Спасовски и ресорното министерство кое тој го води? Ќе формира ли ОЈО предмет? Ќе му се забрани ли јавен настап на премиерот Ковачевски?

Пишува: м-р Десанка Николова

Креирано од:


Пренеси го гласот