БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ружински: Поддршка за малите бизниси за развој на локалната економија во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Советот на општина Берово Петар Ружински во текот на изминатиот период е во постојана комуникација со различни општествени групи во општината. Во текот на вчерашниот ден Ружински се сретна со двајца приватни стопанственици кои што во секојдневна борба да обезбедат егзистенција за себе и своите вработени се убав пример за успешно претприемништво на микро ниво во општина Берово но и за поширкиот регион. Станува збор за компании од кои што едната произведува млечни производи а другата енергетски ресурс за греење-пелети со што на своето производство имаат висока додадена вредност. Преку нивната работа придобивки има и пошироката заедница во Берово но и во државата.

Ружински во рамки на неговата посета на овие два производствени капацитети се запозна со самиот технолошки процес, но и со потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие правни субјекти.

“Поддршка за двигателите на локалната економија. 🧀🪵

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес остварив средби со двајца вредни претприемачи од нашата општина. Ја посетив млекарата „Малеш“ и една од локалните пелетарници.

Од традиционалното производство на сирење до современите решенија за огрев, потенцијалот на Малешевијата е огромен. Разговаравме за нивните предизвици и за идните планови.

Мојата визија е јасна. Општината мора да биде партнер на секој локален бизнис, без разлика на неговата големина или дејност. 🎯 Тоа значи:

✅ Полесен пристап до информации за фондови.

✅ Помош при промоција и пласман.

✅ Отстранување на административни бариери.

Силни локални бизниси значат силна општина. 💪

-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace