БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за денешниот настан: “Корени”-изложба на фотографии на Гонца Перунковска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Домот на културата “Антон Панов” во Струмица со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии на Гонца Перунковска која што потекнува од Струмица а моментално работи и твори во Швајцарија.

Станува збор за избр на фотографии кои што го отсликуваат нејзиното интимно чувство на припадност кон својата татковина, своето родно огниште- нејзините корени.

По големиот број самостојни и колективни изложби во Швајцарија, во четврток (14 август) ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на познатата македонска авторка Гонца Перунковска, во нејзиниот роден град, Струмица. Насловот на изложбата е „КОРЕНИ“ и содржи 40 фотографии со теми исклучиво од Македонија. Бидејќи се работи за исклучителна личност и за ретко убави и успешни фотографии, ми претставува особена чест што ќе бидам промотор на изложбата. Верувам дека ќе биде добро посетена, и тоа не само од луѓе од фотографската „фела“ бидејќи Перунковска и нејзините фотографии го заслужуваат тоа,”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша како најава за самиот настан писателот Тихомир Јанчовски кој што заедно со авторот Бранислав Светозаревиќ ќе бидат промотори на самото отварање на изложбата на Гонца.

🪧 Драги пријатели, со голема радост ве поканувам на мојата прва самостојна изложба на фотографии во Македонија.🇲🇰

Изложбата “КОРЕНИ“ ќе биде отворена во Домот на културата во Струмица, точно на местото од кај што ми се корените.

🎤 Гости ќе ми бидат почитуваните Тихомир Јанчовски и Бранислав Светозаревиќ, како и струмичката новинарска легенда, Ѓорѓи Калајџиев.

Гости ќе ми бидете и сите вие кои би одвоиле од вашето скапоцено време за да ги погледнете моите фотографии, да се запознаеме и да поразговараме на мојата омилена тема, ФОТОГРАФИЈА. 📸

📅Четврток, 14 август со почеток во 20 часот.

📍Центар за култура “Антон Панов“ Струмица.

Посебна благодарност за Ласко Џуровски, кој ми го изработи дизајнот на поканата со негов фонт.✍️

-напиша самата Гонца Перунковска на социјалните мрежи како покана за сите заинтересирани да го посетат овој бележит настан во Струмица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace