СДСМ во свое соопштение упатено до јавноста упати коментар за изборниот пораз на Виктор Орбан на парламентарните избори кои се одржаа во Унгарија во неделата.
“Со падот на режимот на Орбан во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски.
Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси.
Медиумска империја ![]()
Скоро 40% од медиумскиот простор во Македонија е под директна контрола на луѓе на Орбан. Преку своите блиски бизнисмени (Петер Шац и Агнеш Адамик) Орбан купи и контролира огромен број медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. Тие се пропагандна машина во Македонија.
Телекомуникации ![]()
Компанијата на Орбан 4iG доби лиценца за трет мобилен оператор во Македонија (One Macedonia). Со оваа лиценца влегоа во 5G мрежата и добија можност да ги поврзат медиумите, платформите и инфраструктурата во единствена контрола, точно како што Орбан го правеше во Унгарија а Вучиќ го прави во Србија.
Енергетика и инфраструктура ![]()
Преку тајни договори и посредници, Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Овие проекти беа дел од пошироката стратегија за економско влијание на Балканот.
Ви бизнисот во енергетиката, последно преку фирма „Статус Енерџи “, ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT дел од Status Energy Private Equity Fund која е поврзана со Виктор Орбан преку сопственичка структура што ја вклучува OPUS Global, компанија контролирана од Лоринц Месарош (Mészáros Lőrinc).
Кредити и пари ![]()
Унгарија даде милијарда евра кредити (кинески пари) на Владата на Мицкоски под „пријателски“ услови кои ќе ни ги отплаќаат нашите внуци. Овие пари доаѓаа како дел од пакетот за политичка и медиумска поддршка.
Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на виделина. Сите овие договори мора да бидат детално истражени.
СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност
Приведена 28 годишна жителка на Крива Паланка поради спречување на вработени во АХВ при заловување на крупен добиток