БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Битола беше домаќин на првата едукативна средба со физичко присуство во рамки на годинешниот „Караван на мајчинство“, иницијатива преку која dm drogerie markt и Здружението „Матрона“ ја приближуваат стручната поддршка до идните родители. Во хотелот „Милениум Палас“, повеќе од 40 учесници имаа можност во непосредна и пријатна атмосфера да слушнат корисни совети, да постават прашања и да разговараат за теми поврзани со бременоста, породувањето и првите денови со новороденчето.

Средбата на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“ го означи излегувањето на иницијативата од онлајн форматот и создаде простор за директна комуникација меѓу учесниците и стручните лица. Разговорот се одвиваше во отворен и охрабрувачки дух, со фокус на реалните прашања и дилеми со кои се соочуваат идните родители при подготовката за новата животна улога.

Стручниот дел од средбата го водеа прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и дипломираната акушерка Гордана Палашовска. Тие споделија насоки за подготовка пред породувањето, првичната грижа за бебето, потребите на мајката по породувањето, адаптацијата на семејството и значењето на навремената едукација во периодот кога родителите најмногу имаат потреба од сигурни информации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посебна вредност на настанот беше интерактивниот формат, кој им овозможи на присутните да добијат одговори на конкретни прашања и да разменат искуства со други идни родители. Токму непосредниот контакт со стручни лица придонесе средбата да помине во атмосфера на доверба, разбирање и практична поддршка.

Како дополнителна придобивка, сите учесници добија ваучер за 15% попуст при купување babylove производи во dm продавниците, со што едукативниот карактер на средбата беше надополнет со практична поддршка за семејствата кои се подготвуваат за доаѓањето на новиот член.

„Караванот на мајчинство“, dm и „Матрона“ го реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат достапна едукација и поддршка за мајките, идните родители и семејствата. Минатата година беа организирани 11 онлајн обуки, а годинашната програма започна со теми посветени на дохрана, спиење и ран моторен развој кај децата.

Од dm посочуваат дека преку вакви активности продолжуваат да вложуваат во иницијативи кои нудат релевантни информации, пристап до стручни лица и поддршка за семејствата во различни фази од родителството.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace