БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од партиското седиште на СДСМ Наташа Поповиќ која што е членка на Извршниот одбор на СДСМ зборуваше за економската состојба и за предложениот и усвоениот ребаланс на Буџетот на Македонската влада

Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии.

Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети.

Законските одредби јасно кажуваат дека буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од БДП.

Министерката Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари.

Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината.

Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува.

Тоа е директна потврда на она што СДСМ го говори цело време.

А продлабочувањето на дефицитот значи само едно – нови скапи задолжувања што ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.

Граѓаните најдобро знаат какво е вистинската состојба на економијата.

Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери.

Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината.

Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра.

Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО.

По две години вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс, граѓаните во длабока сиромаштија а државата во изолација.

-рее денеска на прес конференција Наташа Поповиќ од СДСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот