Откако во текот на вчерашниот ден се појави интернет петиција со која се бара овогодинешниот претставник на Македонија на Евровизија, Васил Гарванлиев да го откаже настапот поради редот скандали, синоќа беше креирана нова интернет петиција со која се бара негова поддршка.
“Во 2021 нема место за национализам и хомофобија, особено не кога станува збор за музиката. Македонија на Евровизија била претставувана од пејачи од различни етникуми и тоа е наша предност. Политизирањето на Евровизија мора да престане од тие што навредуваат и неосновано шират говор на омраза.”
-стои во втората петиција која во моментот има помалку од 50-тина потписници наспроти првата со која се бара повлекување на Гарванлиев од Еврофестот, со бројка од над 13 900 потписници

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?