Имануел Кант сметаше дека доволно е ѕвезденото небо над нас и моралниот закон во , за да се обезбеди морален живот, достоен за кое било човечко суштество. Тоа е можно само ако Бог постои. Знаејќи дека божјото постоење не може да се докаже, ниту да се оповргне, тој одлучи да го постулира, како морален коректив на човековото однесување. На тој начин, Кант се надоврза на духовната традиција на Волтер, на која покасно се придружи Достоевски. Имано: „Ако Бог не постои, тогаш мора да се измисли.“ Тоа е неопходно за да се оствари, каков-таков, ред и морален живот. Без Бога, сметаа тројцата, сѐ би било дозволено/релатизивирано и би се преобразило во онакво какво што некому одговара, сообразно со неговите лични интереси. Особено, ако поседува дивјачка и со ништо неограничена моќ. Во Македонија, „дал“ Бог такви – ниту за Бога и Човека знаат, ниту за ѕвезденото небо знаат, ниту моралниот закон го носта во себе. Уште помалку, некаков страв чувствуваат. Тоа се суштества, чии глави со путер се полеани, чиј рок е изминат, а потеклото е непознато. Незнаејќи за ништо друго, ниту покажувајќи желба да се преобразат, единствено останува да бидат прочистени/преобразени/отсранети, бидејќи нивната реа станува неподнослива. Во спротивно, Македонија ќе заврши како обичен морбидариум – збирака на егзотечни болести и изопачености.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст