БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Што се случува со возилото за собирање смет на ЈКП “Камена Река” од М. Каменица, фотографирано со крената кабина во кругот на ЈКП “Брегалница” Делчево?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Деновиве возило за собирање на комунален смет во сопственост на Јавното комунално претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица од страна на граѓани на Македонска Каменица беше алармирано дека не е присутно во општината и истото е заминато во соседната општина Делчево. За ваквата состојба алармираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица кои ги запрашаа надлежните во ЈП “Камена Река” да соопштат на граѓаните на Македонска дали нивното возило е ставено во функција на комуналното претпријатие во Делчево.

“На 3 Март побаравме од Директорот на ЈП Камена Река јавно да даде отчет за местоположбата на едно од комуналните возила за собирање на смет, за кое добивме сознанија дека било ставено на располагање на делчевското комунално претпријатие. Денес добивме снимки од истото тоа возило со спуштена кабина и вон употреба. Овие снимки ги зголемуваат сомнежите кај граѓаните за евентуална злоупотреба на возниот парк на нашето комунално претпријатие, поради што по ВТОР ПАТ бараме од директорот на ЈП Камена Река ДЕНЕС јавно да се произнесе за местоположбата и возната состојба на возилото од снимките, во спротивно возилото ќе го пријавиме во полиција за украдено”

-алармираа по втор пат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За ваквата ситуација алармираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево кои што јавно упатија повеќе прашања до директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево Стојче Стојковски:

➡️ На кој начин е регулирано и колку пари ги чини граѓаните на Делчево користењето на службеното возило на ЈКП “Камена река” од Македонска Каменица?
➡️ Зошто градоначалникот Трајковски и Директорот Стојковски толку многу се фалеа со инвестиции како никогаш досега во јавното претпријатие, а претпријатието во Делчево во својот возен парк нема возило за прибирање на комунален смет што му е основна дејност па мора исто такво возило да го позајмува од Македонска Каменица?
➡️ Дали поради недостиг на возила за прибирање на комунален смет директорот Стојковски неодамна мораше да користи нерегистрирано возило (за што претходно алармиравме) да оперира по улиците на Делчево?”

-прашуваат јавно од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

https://www.facebook.com/MakedonskaKamenicaOK/posts/4495409170485584

Продолжува инвестициски бум во ЈКП “Брегалница” во Делчево ⁉️
Менаџментот на претпријатието предводено од директорот Стојче Стојковски и неговиот Управен одбор кој ја аминува неговата работа, дворот на комуналното претпријатие го имаат претворено во јавна депонија во центарот на Делчево, сместена покрај училишта и останати јавни институции. Џунглата од диво обрасната шумска вегетација во кругот на комуналното претпријатие која е “збогатена” со купишта стари железа, мотори од машини, истечено улје и нафтени деривати насекаде, претставува вистинско лице за “домаќинското менаџерско работење” на Директорот Стојковски и градоначалникот Горан Трајковски кои се удобно и богато сместени во своите канцелариски фотелји.
Оние што земаат плата да го чистат Делчево од отпад, не можат да си го исчистат сопствениот двор.
Оваа депониска идила деновиве беше “збогатена” со уште една “инвестиција” со која веројатно Стојковски ги подобрувал своите услуги кон граѓаните за кои се платен тој и останатите “менаџери” во ЈКП “Брегалница” Делчево.
Јавно прашуваме:
➡️ На кој начин е регулирано и колку пари ги чини граѓаните на Делчево користењето на службеното возило на ЈКП “Камена река” од Македонска Каменица?
➡️ Зошто градоначалникот Трајковски и Директорот Стојковски толку многу се фалеа со инвестиции како никогаш досега во јавното претпријатие, а претпријатието во Делчево во својот возен парк нема возило за прибирање на комунален смет што му е основна дејност па мора исто такво возило да го позајмува од Македонска Каменица?
➡️ Дали поради недостиг на возила за прибирање на комунален смет директорот Стојковски неодамна мораше да користи нерегистрирано возило (за што претходно алармиравме) да оперира по улиците на Делчево?
Лошиот менаџмент и менаџерски одлуки на Стојче Стојковски и на неговите претпоставени- Советот и Градоначалникот на општина Делчево со трупање на партиски вработувања во ЈКП “Брегалница” Делчево на сметка на нормалното функционирање на секторите во претпријатието кои кубурат со опрема и основни сретства за работа, е на штета како на претпријатието така и на штета на граѓаните во Делчево кои мака мачат со нередовното чистење на контејнерите со комунален смет и формирање на диви депонии насекаде низ општината.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace