Од многу декларативни ветувања децении во минатото за развој на сообраќајното поврзување помеѓу Македонија и Бугарија со современи сообраќајници, денеска во владина процедура влезе Договорот за изградба на прекуграничен железнички тунел кој што реално и конкретно треба да ги поврзе двете држави на начин кој што доликува на современието во кое живеат граѓаните на двете држави.
Станува збор за поднесен предлог-текст од страна на бугарската страна за Договор според кој што ќе се одвива временската рамка и техничките детали за реализација на овој проект.
Од Владата информираат дека на денешната седница го примиле предлог текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија за чија што анализа е формиран оперативен тим-работна група која што ќе го разгледа и ќе подготви свој извештај.
…”се донесе одлука да се формира работна група во следниот состав: Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, која во наредниот период ќе работи на разгледување на предлогот.
Би сакале да потенцираме дека Владата е силно посветена на изградба и модернизација на европските транспортни коридори, меѓу кој и коридор 8. Во таа насока изградбата на коридор 8 е стратешки проект на кој се посветува огромно внимание и во рамки на приоритетите се преземаат активности за негова доизградба.
Исто така би сакале да повториме дека целта на Владата преку Министерството за транспорт е да се продолжи изградбата на источниот дел на железничкиот коридор 8 и истиот да се поврзе со Република Бугарија.
Но, повторно ќе ги потенцираме ставовите на Владата, пругата за да биде функционална, а коридорот 8 да има смисла и да ги исполни потребите за што е наменет мора да има заеднички проект за тунелот со Бугарија и изградбата да се одвива заеднички во континуитет на целото тунелско решенија. Исто така потребно е од бугарска страна да се доизгради пругата што недостасува до граничната точка, како и да се модернизира пругата од Ѓуешево до Софија. Македонија од својата страна ќе изврши ревидирање на цената на чинење.
Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан и земјите од ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе придобивки за економиите и граѓаните на регионот.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерството за транспорт при Македонската влада.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово