Ден денес дури и 35 години Македонија не успева да излезе од невидливите канџи на пропаднатиот поранешен коминистички/ социјалистички систем.
Се уште постојат поединци и октроирани граѓански форми на здружување кои што не можат да се помират со фактот дека во услови на пазарна економија трудот на работникот е пазарен ресурс за кој што се креираат пазарни услови за негово вреднување и постоење.
Така тоа што требаше да биде период на кратка транзиција од поранешниот коминистички пропаднат систем во денешниот систем на пазарна економија, се претвори во децениска агонија на длабок левичарски популизам преку одржување на лажен социјален мир на сметка на суштинското постоење на современата Македонска држава.
Преку бескрајни проблематични задолжувања и купчење на јавниот долг на сметка на државата, доведена е во прашање стабилноста и суверенитетот на Македонската држава несвесно или што е особено проблематично свесно, од страна на домашни и странски центри на моќ.
Едно Македонско семејство е силно и просперитетно кога донесува автохтони и одржливи сопствени одлуки за свој опстој…. штом почне да се меша комшиката/комшијата, свекрвата/ свекорот, пријателката/пријателот… тоа семејство неминовно се распаѓа. Клучен збор во последната реченица е ” одржливост”.
Оваа теза пресликана на ниво на Македонската држава како функционална политичка единка на картата на Европа е особено релевантна за опстојат на државата.
Затоа покрај идејата за “социјална правда” треба многу повеќе да разговараме за “одржлив развој”. Токму одржливиот развој во себе содржи еден клучен елемент кој вели дека развојот е можен кога со одреден фонд на ресурси (човечки и материјални) се создава додадена вредност која овозможува повредат на направената инвестиција, но и планови за иден раст и развој.
Во Македонија поимот на “одржлив развој” е загрозен “вид” од наездата за варвари кои знаат единствено за гол политички популизам како најмахинално сретство за доаѓање на власт.
И во такви услови на општа политичка немоќ за понуда на квалитетни и кредибилни левичарски политики, политичката номенклатура која гравитира кон оваа идеолошка дефиниција, прибегнува кон нереални популистички политики кои треба да остават влијание кај одреден квантум на Македонски гласачи.
Во таа политичка борба која се маскира како борба за поголеми плати и подобар животен стандард без никаква реална анализа која е базирана на принципот на одржлив развој предничи Сојузот на синдикати на Македонија со неколкумина функционери кои на своите популистички барања лепат луѓе кои веруваат дека треба да добијат износ на плата иако за тоа не постојат реални услови за реализација.
Па во добро-препознатливиот стил на (не)работа на поранешниот комунистички систем кој пропадна токму поради финансискиот крај преку инфлација и делење на плати без реално создавање на додадена вредност за тој платен труд, се обидуваат да ја уценуваат сопствената држава свесно да влезе во карамбол на институционален распад и хаос од кој опозициската СДСМ треба повторно да дојде на власт. А токму СДСМ во изминатите години на власт ја разниша самобитноста на Македонската држава по многу линии на влијание, менувајќи устав за ништо, задолжувања кои ден денес се враќаат, институционална деградација и партизација.
Синдикалниот комунизам беше причина за распад на системот кој го бранеше со злосторнички и често крвави хирови врз сопствениот народ.
Македонија има прогресивни сили кои што знаат што значи одржлив развој и со конкретни дела токму тие ќе обезбедат опстој на Македонија на здрави основи за сигурна и предвидлива иднина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!
Наместо да се гордеат со својот идеолошки комплемент, СДСМ го лепат социјалистичко-левичарскиот диктатор Мадуро на десничарскиот лидер Мицкоски