Времето поминато на маргините во зона на политичка агонија предизвикана од катастрофалната поддршка на граѓаните, од СДСМ направи партија која целосно го загуби своето идеолошко битисување и донесе продлабочена криза на идентитет кај челниците на оваа се уште социјал-демократска партија во Македонија.
Иако СДСМ себеси се смета за наследник на левичарската социјалистичко-комунистичка номенклатура од претходната држава СФРЈ, поради што го наследија имотот на некогашната КПМ насекаде во државата, денес врхушката на СДСМ поради само од нив јасни причини се обидуваат да избегаат од нивната левичарска социјал-комунистичка идеологија.
Ваквата состојба во СДСМ може да се увиди по нивното недефинирано ретерирање од нивните либерални ставови и политики кои ги имаа кон мигрантите во време додека беа на власт во Македонија, по нивнот однос и трошењето на парите на граѓаните за неразумни и крајно неодржливи комунистички финансиски политики кои ја продлабочија дупката во државниот буџет и сега- најново по дистанцирањето од политиките на нивниот идеолошки комплемент Николас Мадуро кој со крајно левичарски, комунистичко-социјалистички и либерални политики владееше во Венецуела пред да биде уапсен од властите на САД само на ден по новата година.
Како повеќе СДСМ сака да избега од својата левичарско-комунистичка идеологија така повеќе продолжува да ја губи својата база на поддржувачи помеѓу членството, така што нивниот рејтинг во наредниот период разбирливо е за очекување да тоне.
Во минатото беше позната изреката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој што јавно кажуваше дека на нив како партија не им личи патриотизмот, за по доаѓање на власт во 2017 година таа негова изрека да добие најексплицитна манифестација преку насилното и противзаконско менување на Уставот на Република Македонија како и широка лепеза на антипатриотски потези и политики.
И како по правило после толку години СДСМ сега предводена од Министерот на Зоран Заев Венко Филипче продолжува со потрагата на својот политички идентитет, на моменти кокетирајки со либералните ставови на редица европски ливберално-левичарски политичари, па во друг момент кокетирајки со политиката на Доналд Трамп и апсењето на еден од најистурените левичарско-комунистичко-социјалистички диктатори Николас Мадуро.
И на крај од се за да политичката какофонија на СДСМ биде ептен шаренолика се обидуваат со само на нив логични аргументи Николас Мадуро да го залепат на докажаниот десничарски лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Поради сите овие причини редно е некој од СДСМ да излезе во јавност и да ја објасни својата идеолошка доктрина, за што точно се залагаат како политичко кредо:
Дали за политиките на Доналд Трамп кој го уапси Мадуро и е жесток во својата реторика против либералната мигрантска политика или за политиките кои подразбираат добредојде за мигранти како што носеа одлуки не така одамна кога беа власт во Македонија?
СДСМ, имате ли капетан во бродот кој тоне?

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час