БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со сретства од АФПЗРР Пробиштип доби нова реконструирана кино сала

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден со пригодна програма беше пуштена во употреба новата модерна реконструирана кино сала во Пробиштип.

На концертот на Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец” на сцената на реконструираната кино сала кој што се одржа во таа пригода публиката можеше да го види раскошот и убавината на Македонскиот народен фолклор и обичаи кои со целиот пиетет ги негува ансамблот.

На настанот присуствуваа и Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🎶 Прекрасен концерт на културниот амбасадор “Танец” вечерва во Пробиштип. Со свеченото отворање на кино салата “Злетовски рудар”, по повеќе од една деценија градот повторно може да ужива во културните манифестации кои ќе следуваат во иднина.✅ Домот на културата во Пробиштип конечно доби реконструирана сала со која заедно со минеролошката збирка веќе се една целина за одржување и развој на културата, но и на туризмот во општина Пробиштип. Нека е со среќа и нека се одржуваат уште многу концерти, театарски претстави, филмски проекци, претстави и други манифестации.✅ Општина Пробиштип и понатаму ќе продолжи да работи за подобри услови за сите граѓани.”

-соопшти по тој повод Драган Анастасов- градоначалник на Пробиштип.

👏После една деценија, Пробиштип доби нова модерна кино сала, со финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој на #МЗШВ . На наше големо задоволство вечерва сме дел од отварањето, со првата интерпретација во изведба на Националниот ансамбл на народни песни и ора #Танец. Оваа кино сала ќе претставува вистинско уживање и релаксација за жителите на Пробиштип .”

-соопшти во оваа пригода Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство,

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace