Градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски реализираше работен состанок со претставници на Вториот пешадиски баталјон на АРМ од Штип во врска со реализација на планирани заеднички активности.
“Денес одржавме работен состанок со претставници на Вториот пешадиски баталјон од Штип, посветен на подготовките и организацијата на претстојниот настан „Технички збор“ – презентација на воена опрема и способности на македонската армијa, кој ќе се реализира во рамките на програмата за одбележување на 82 години од ослободувањето на Виница.
Убеден сум дека, со професионалноста, дисциплината и посветеноста што ја карактеризираат македонската армија, ќе организираме настан кој на граѓаните, особено на младите, ќе им овозможи одблиску да се запознаат со капацитетите на Армијата и ќе придонесе за зајакнување на чувството на припадност, патриотизам и почит кон институциите што ја гарантираат безбедноста на нашата држава.
На состанокот разговаравме и за повеќе конкретни идеи за понатамошна соработка, преку заеднички активности од областа на одбраната и безбедноста, едукацијата и поддршката на локалната заедница. Верувам дека ова партнерство ќе продолжи да се развива во интерес на граѓаните и на Општина Виница.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево