Пролетта во Берово започнува со поразителни вести за спортот во општината.
Фудбалскиот клуб ОФК Малеш кој не така одамна беше причина повеќе да се сака Берово денес скоро и да не постои. Иако пролетното коло на Третата фудбалска лига исток е веке почната стадионот во Берово е празен, тренинзи нема , тренер нема, фудбалери нема. Граѓаните на Берово-оние кои имаат спортски афинитети (а не се малку на број) нескромно се сеќаваат дека до 2017 година клубот кој е своевидна гордост на луѓето под Малешевските планини, добро котираше во лигата и имаше солидни резултати како и комплетно опремен тим.
За тоа сведочат и оценките од ФФМ за организација на натпреварите во минатото.
Токму за развојот на овој спорт, се мислело многу поодамна. Негде во шеесетите години на минатиот век во село Смојмирово било изградено фудбалско игралиште за спорт и рекреација на младите во селото. Во 2016 година со помош на тогашниот градоначалник Драги Наџински и локалната власт, игралиштето беше ревитализирано.
Се со намера да се развива фудбалот и младите па и повозрасните да се рекреираат. Тогаш на овој терен беа поставени и стативи, за да користи како помошно игралиште за тренинзи и натпревари на ОФК Малеш Берово и ФК Кит-Го Пехчево.
За жал деновиве може да забележиме една чудна и тажна слика: игралиштето веке не постои истото е изорано со земјоделска механизација, а стативите извадени и фрлени покрај патот.
Актуелниот градоначалник на Берово, Ѕвонко Пекевски и актуелната лoкална власт, во кампањата на изборите во 2017 година имаа големи ветувања за младите и спортот во Берово. Денес имаме многу поразлична слика од периодот од пред само 2-3 години но и слика која се разликува од нивните предизборни ветувања во 2017 година.
Се поставува едно едноставно прашање:
Дали ваквите слики се дел од ветената грижа за младите од страна на Градоначалникот и актуелните власти, кои толку многу ветуваа за развојот на спортот?
Сигурно спортот и младите во оваа периферна општина заслужуваат повеќе од овие ораници на некогашен спортски терен.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за одржување на манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“ во Виница
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание
30 годишна жена од Кочани нападната од двајца во нејзиниот дом