Актерката Ирена Ристиќ на фејсбук објави дека ставила во употреба репариран автомобил за потребите на акциите за чистење на депониите низ Скопје.
Таа напиша:
Ова до мене е добриот човек Јове!
Ова зад нас е Мира Дизел, официјалното возило на Првата метла и #НеБидиЃубре!
Како и секоја Мира Дизел на овој свет, и нашава кошташе ѓаол и пол… проклет да е оној кој те крстеше!!! 😂😂😂
Таму, на крај на албумот, го имате педантниот список што све Мира изеде во изминатиот период под будното око на Јове… Тотал од 28.000 денари, дел покриени благодарение на фондот тргнат на страна за итни случаи од ФДМ, дел од касичката на Алтан… (нема појма малиот, мисли одмор ќе тера, леле) 😂
Плус регистрација 13.000 денари (донација од една фина лејди)
Плус нови гуми 12.400 (фала на Церес за попустот од 1.000 по гума) 😀Све у свему, работата е завршена!
Сега, Мира е ракета!Фала на сите мајстори кои ја средија лепотицата, фала за сите попусти и трпение, а највише од све, фала и извини на Јове кој за целава операција над Мира, и покрај сите закани од моја страна, не сака да земе ни денар!
Тоа било негов придонес за каузата!!!Бррррм, брррррм… Идееееемооооо!!!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Две дами во кадифено: Министерката Божиновска денеска се сретна со амбасадорката на САД Агелар
Просториите на ФФМ како слика за наследените состојби во сите сфери на државата
Креирање на долго очекуваните реформи во образованието заедно со младите