БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Фетаи со делегација од Партнерството за отворена влада (OGP)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, денеска прими делегација од Партнерството за отворена влада (OGP), предводена од Пол Брејтвеит, регионален менаџер за Европа. За време на средбата се дискутираше за борбата против корупцијата и зајакнувањето на транспарентноста како темел на доброто управување.

Заменик-претседателот Фетаи ги претстави приоритетите на својот кабинет, со посебен акцент на раководењето со Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата и следење на конкретните институционални резултати. Тој ја истакна важноста од зголемување на транспарентноста, особено во однос на пристапот до податоците за вистинската сопственост на компаниите.

Од своја страна, г. Брејтвеит ја изрази поддршката на платформата OGP за владините реформи преку споделување на добри практики и меѓународна експертиза. Двете страни се согласија да го продлабочат соработката, со цел создавање основа за ефикасно следење на случаи на висока корупција и наоѓање законско решение што ќе овозможи објавување на вистинските сопственици на компаниите кои добиваат јавни тендери, во согласност со најдобрите европски практики.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace