Во спортската сала „Билјанини извори“ концерт одржа италијанската музичка ѕвезда неверојатниот Цукеро (Zucchero).
И покрај промената на амбиентот, од Античкиот театар во спортската сала, поради неповолните временски услови, не го запре 63-годишниот Zucchero, да настапи со максимална енергија и да воодушеви. Присутните уживаа во двочасовниот настап на Zucchero кој ги држеше на нозе до самиот крај.
Zucchero испеа дел од неговите најголеми хитови: Baila morena, Domenica, Senza una donna…. a посебни емоции разбуди потсетувањето на дуетот со славниот Павароти, кој со помош на видео технологијата повторно оживеа на сцената. Zuucchero се обрати и на македонски јазик , каде се заблагодари и изрази жалење дека посакуваниот концерт не се одржал на отворено како што и беше планирано.
На концертот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски заедно со својата сопруга.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Премиерот Мицкоски на почеток за изградба на нoва фабрика која планира 600 нови вработувања во Кичево
Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени
Николоски: На ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години, бидејки им пропадна зелената агенда