Во последните три недели температурата во Индија е релативно умерена. Но изминатиот период сериозната топлина не е само непријатна, туку исто така е смртоносна.
Досега околу 76 лица починаа од топлотниот бран кој достигна 50 степени во некои региони.
Поради овие високи температури една необична венчавка беше одложувана. Но откако времето малку се нормализирало стотици индиски граѓани се собраа на венчавка помеѓу две жаби. Церемонијата, наречена “Mandooka Parinaya”, беше одржана за да ги смири боговите , и побараа дожд во обид да се стави крај на сушата.
Според “Тајмс оф Индија”, настанот започна со волонтери кои фатија група жаби во две различни области на градот. Откако биле прегледани од страна на Одделот за зоологија во Манипал, биле избрани верениците. Варуна и Варша биле именувани по богот на вода и дождовната сезона.

Присутните пешачеа и од околните области за да бидат дел од незаборавната свадба. На пример, Варуна и Варша влегоа во хотелот за нивната свадбена церемонија на трицикл. Понатаму, и двајцата носеле носии. Женската жаба беше дури и опремена со петичен прстен.
Повеќе од 100 луѓе добија покани за овој вид настан и по церемонијата, храната била доставена до гостите. Сега кога жабите се венчаа, тие ќе одат на меден месец во Манаплал, село во близина на Манипал. Таму, тие ќе бидат ослободени назад во дивината.
Иако церемонијата може да се сфати како неконвенционална или чудна, таа донесе мир на оние кои во моментов се погодени од експлозивна топлина. Во оваа смисла, има многу да се слави за обединувањето на овие две жаби.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Женственост, емоција и диско ритам – нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс
“Параходот” на класична фламенко гитарa на авторот Дарко Тасевски звучи безвременски епско. Најава за нов албум