БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Студентски марш против етничката поларизација и промена на името

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на група на студенти  обединети за одбрана на името Македонија и запирање на двојазичноста која работи под името Млади за Македонија во петок 30-ти март 2018 година ќе биде организиран протестен марш против етничката поларизација и промената на името на Република Македонија.

Од страна на организаторите на официјалниот настан објавен на фејсбук се вели:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-“Поради состојбата во која е турната нашата Татковина и рамнодушното имплементрање деструктивни политики за државата, кои се закана за самата стабилност на општеството и животот во него – ние СТУДЕНТИТЕ, МЛАДИТЕ и секој ГРАЃАНИН кој има желба да застани против нештата кои веќе станаа очигледни за сите нас, упатуваме јасна порака за сплотеност и отпор против разнебитувањето на Република МАКЕДОНИЈА.
Никој нема право да ја уништи иднината на оваа земја, никој нема право да го уништи животот, да го подели народот по секаква основа, да го наруши ИДЕНТИТЕТОТ и СЛОБОДАТА за кои гинеа нашите претци.
Ве повикуваме СИТЕ, да се придружите на студентскиот марш во Штип на 30.03 (петок) во 18:00ч. (плоштад Слобода) и заедно да истакнеме јасно и гласно дека македонскиот народ не го прифаќа ова наложено, систематско самоубиство!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace