Македонскиот ска-реге-поп-рок состав “Суперхикс” ја размрдаа прашината која ги имаше покриено нивните “полици”.
За таквиот чекор е виновна “Ана” која денеска се појави во интернет просторот и како утрински снег налегна во звучнинците на фановите на современата Македонско поп-рок музика.
Видео спотот за песната претставува своевидно освежување на овој вид уметност на Македонската меинстрим сцена, но во континуитет претставува продолжение на естетските вредности кои што бендот “Суперхикс” ги носи со себе.
После оваа своевидна музичка најава, очекуваме многу брзо во иднина бендот да ја почести Македонската музичка јавност со една своја лонггплејка, која сериозно недостасува во Македонското секојдневие- годиниве….

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години