БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Св. Атанасиј Велики – Танасовден (летен)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15-ти мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.

Атанасиј Александриски познат и како Свети Атанасиј Велики е христијански светец, Патријарх на Александрија во периодот од 328 до 373 година. Атанасиј се родил во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот призив. Откако го завршил своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, и го поставил и за свој ѓакон и истиот го придружувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде биле разрешени редица на црковни проблеми, како определување на датата за славење на Велигден, дејствата против Мелетиј Ликополски и дејствијата против Ариј, во кој се ставил како водич против аријанството.

Атанасиј го напишал Симболот на Верата кој на соборот бил усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј бил избран за архиепископ на Александрија. Во архиепископскиот чин останал над четириесет години, иако не бил цело време на архиепископскиот престол. Во текот на своето делување, на неколку пати бил прогонуван од страна на римските императори како Констанциј, Јулијан и Валент, како и од архиепископит Евсевиј Никомидиски. Во 326 година, кога починал епископот Александар, Атанасиј бил избран на неговото место. Непријателите на св. Атанасиј, аријаните, покренале обвиненија против него за наводно користољубие и грубости над клириците. Поради тоа бил свикан собор во Трир, кој независно од изложените докази во прилог на невиноста на архиепископот на Александрија – сепак, го осудил. Откако видел дека на тој начин нема да ја добие правдата, Свети Атанасиј се сретнал во Константинопол со императорот Константин Велики и му ја претставил вистината. Императорт ги повикал учесниците на Трирскиот собор повторно да го разгледаат делото, но непријателите на св. Атанасиј успеале да го измамат императорот со нова клевета.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Гледајќи дека не може да ги помири Атанасиј и неговите противници, а плашејќи се од бунт во Александрија, императорот решил да го жртвува нејзиниот архиепископ и да го испрати на заточение во Галија. Таму Атанасиј поминал две години.

По смртта на Константин Велики, неговите наследници со указ го вратиле за епископ на Александрија. Тоа дало нов повод на непријателите на Атанасиј да го прогласат за незаконски епископ, веќе врз основа на тоа што бил вратен на катедрата од светската власт. Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство[1]. Уште во своите први дела: „Слово кон паганите” и „Слово за воплотувањето на Бог Слово и за Неговото јавување во плот меѓу нас”, била посочена главната тема на неговото богословие. Основни негови догматски дела се: „Четири слова против аријаните” (околу 356–359), посветени на потврдувањето на божественоста на Спасителот.

Нему му го припишуваат и „Житието на св. Антониј“, како и многу трактати, коментари на Светото Писмо, книги со наравоучителен карактер и проповеди.

Во 373 година починал во Александрија на 76-годишна возраст.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace