Сè почестите спомнувања на метли и летања со метли, кои доаѓаат од највисоките државни структури (ништо покусо не е и опозицијата) е сериозен знак дека во Македонија се случуваат сериозни работи, бидејќи летањето (особено на метли) својствено е за вештери и вештерки.
Значи ли тоа дека Република Македонија сè повеќе станува заложник на овие бајковидни и митолошки суштества? Ако е така, тогаш сè појасно станува дека промената на името (со географска одредница) е промашено.
Наместо промена со географски предзнак, требаше да се постигне договор, кој ќе води сметка за вистинската состојба во земјата. Тоа значи дека со договорот името на земјата требаше да биде со бајковито-митолошки предзнак.
На пример, Земјата на…
Или, Земјата на оние кои летаат/јаваат на метли, бидејќи само така можеме де се вивнеме во небесните висини, за чија одбрана ќе бидат задолжени грчките авиони, здружени со афиони, како извор за моќни опијатни средства.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!