Попладнево со своја реакција во јавноста се обрати Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Штип Иван Јорданов кој ги алармира надлежните за состојбата со текстилните работници на територијата на општината.
Тој информира дека голем дел од сопствениците имаат извадено дозволи за своите работници за движење во полициски час за потребите на производствениот процес во фабриките.
Притоа јавно прашува која е поентата за воведување на 24 часовно ограничување на движењето кога поголем дел од работниците во текстилната индустрија во Штип која е една од најбројните индустрии ќе бидат на работа.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во во целост:
“Здравјето на текстилните работници заслужува и треба да биде зачувано! Ако се промовираат мерки за седење дома и социјална дистанца, тогаш зошто работниците во штипските конфекции ќе одат на работа за време на викенд, време кога ќе трае 24 часовен полициски час?
Според информациите голем дел од сопствениците на штипските конфекции имаат извадено дозволи со кои на работниците ќе им биде дозволено да одат на работа за време на полицискиот час. Ако се знае и дека превозот на овие работници се одвива групно со автобуси, тогаш зошто важат мерките кога не се спроведуваат правилно?
Овие работници се превезуваат на меѓусебно растојание од само неколку сантиметри, со тоа ризикот за несакано заразување е многу повисок. Зарем оваа категорија на граѓани не треба да биде заштитена од изложувањето на корона вирус? Која е поентата на полицискиот час кога илјадници граѓани повторно ќе бидат приморани да ги напуштаат своите домови и да заминат на работа. Зошто само конфекциите се ставаат во надредена положба за разлика од другите стопански дејности? Движењето на граѓаните е исто за сите, без разлика дали тие одат на работа, до маркет, банка или сл. Ова уште еднаш само докажува дека владата на СДС само за пред камери глуми дека воведува некакви мерки, а на терен ситуацијата е многу поразлична и многу посериозна. Производството на конфекциите сигурно нема да пропадне за еден работен ден, но тој ден може многу да придонесе во тоа дали ќе се спречи или ќе се рашири вирусот. Ако можат многу побитни и по главни услужни дејности во време на 24 часовен полициски час да не работат, можат и конфекциите тоа да го сторат.
Затоа, апелираме властите веднаш да ги преиспитаат своите одлуки и да забранат било каква работа на индустриски објекти за време на полицискиот час. Властите да ги повлечат дадените одобренија за работа и со тоа ќе го заштита вистински здравјето на граѓаните. Здравјето на текстилните работници е подеднакво важно како и било чие друго здравје. Оваа категорија на граѓани не смее да биде занемарена и оставена на цедило во време на криза.
Владата на СДС, а и локалната самоуправа веднаш да излезат со конкретни сет на мерки со кои ќе се заштитат текстилните работници и работниците во кожарско – чевларските капацитети.
Сега не е време за ПР сликања по телевизии, сега е време за вистинска грижа за граѓаните.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко