„Во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции. Корупцијата и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме!“, потенцира Тошковски и наведе дека мораме да покажеме одлучност и систематичност во постапките кои следуваат.
„Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде информирана јавноста“, соопшти на денешната прес-конференција во МВР министерот Панче Тошковски.
Утрото имале конултации околу издавањето лиценца и работа на вакви објекти, и слободно може да се заклучи дека Македонија нема систем кои би можел да превенира еден ваков ужасен настан, посочи министерот.
„Корупцијата и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме!“, потенцира Тошковски и наведе дека мораме да покажеме одлучност и систематичност во постапките кои следуваат.
„Секој оној кој има директна и индеиректна вина во однос на овој случај ќе одговара, поранешен или сегашен, ќе одговара“ пренесе Тошковски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово